Сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, ќе биде гостинка во епизода од мини телевизиската серија „Соблекувални“ што ќе се емитува на телевизијата „Франс 2“.
Првата дама на Франција ќе се глуми себе си во серијата за пливачи на еден клуб од Марсеј.
– Дознавме дека ја сака серијата и заради тоа ја повикавме да игра со нас – рекол авторот на серијата и еден од актерите, Ада Абдели.
Брижит Макрон во епизодата ќе влезе во една од соблекувалните каде што ќе разговара со пливачите. Ќе го носи елегантниот син комплет што го носеше на инаугурацијата на Макрон во мај 2017 година.
– Имам голема трема – признала Макрон низ насмевка, која светско внимание привлече со изборот на нејзиниот сопруг Емануел Макрон за претседател на Франција.
ФОТО: EPA/JULIEN DE ROSA