Брена и првата жена на Боба се сликаа со снаата

6809

Денеска се одржа венчавката на деценијата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кои пред 900 гости во Белград го кажаа судбоносното „да“.

Познато е дека Филип Живојиновиќ не е син на Лепа Брена, иако многумина неговата избраничка Александра Пријовиќ, ја нарекуваат снаата на Брена. Пред познатата пејачка, тениската легенда Слободан Боба Живојиновиќ бил во врска со Зорица, со која го добил синот Филип.

Таткото на младоженецот беше задолжен за целата организација на свадбата.

Брена на Инстаграм објави фотографија, на која е со невестата, нејзината мајка и со Зорица, под која напиша: „Нашата принцеза Александра и мајките“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...