Брена и Боба ја продаваат луксузната вила во Белград, се селат во Америка

890

Српската фолк дива Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ неодамнаа го продадоа „Гранд“, а сега српските медиуми тврдат дека парот планира да се пресели во Мајами каде што имаат огромна куќа.

Имено, во последниот период се шпекулира дека Брена и Боба ја продаваат својата огромна куќа на Бежаниска коса. Како причина која се наведува за нивно заминување е тоа што нејзините синови веќе се возрасни и самостојни.

Филип претходната година се омажи со Александра Пријовиќ и веќе заедно живеат во огромна куќа во близина на домот на Лепа Брена. Од друга страна и Стефан Живојиновиќ веќе не живее со неговите родители односно живее сам во стан, а како што пишуваат медиумите и Виктор наскоро планира да си замине од вилата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...