Бред Пит пристигнал на прославата по повод 50. роденден не нагеовата поранешна сопруга, Џенифер Анистон.
Дежурните папараци во Лос Анџелес го забележале 55-годишниот актер како во тајност доаѓа на роденденската забава на Анистон.
Бред, кој последните недели го полни медиумите со врската со славната оскаровка Шарлиз Терон, се обидел да помине незабележано при доаѓањето во омилениот ресторан на Џенифер на Западен Холивуд каде викендот се одржала забавата на која биле присутни најголемите ѕвезди во Холивуд.
Покрај Бред Пит, роденденската забава на Џенифер, помеѓу останатите, не сакале да ја пропуштат ѕвездите како пејачката кети Пери и нејзиното момче, актерот Орландо Блум, ТВ-водителката Елен Деџенерис, актерката и пејачка Барбра Стрејсенд, Џорџ Клуни со сопругата Амал, актерките Кејт Хадсон, Сандра Булок, Гвинет Палтроу, Рис Витерспун, Лиза Кудроу, Деми Мур, Лора Дерн, актерот Роберт Дауни Јуниор, манекенката Синди Крафорд…
На бракот со Бред Пит, Џенифер му стави крај во 2005 година, а својата врска ја започнаа по состанкот на слепо кој во 1998 година го организираа нивните агенти. Недолго потоа Џенифер и Вред станаат најпозната двојка во Холивуд, а по две години својата врска одлучија да ја озаконат со брак.
Во 2005 година тие се разделија отаккао Бред започна романса со Анџелина Џоли со која се запозна на сетот на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2003 година.
Во текот на 12-годишната врска со Анџелина, светските медиуми непрекинато известуваа за тоа дека Бред и понатаму е во контакт со Џенифер, а судејќи по мачната бракоразводна парница од Анџелина, Бред е одлучен во тоа да го обнови своето пријателство со Џенифер.