
На синоќешното доделување на наградите на американското Здружение на актери во Лос Анџелес, Бред Пит е прогласен за најдобар спореден глумец за улогата „Беше еднаш во Холивуд“.
Во говорот, тој откри една тајна за режисерот на филмот – Квентин Тарантино, околу неговиот „фетиш“ да снима женски стапала…
– Би сакал да им се заблагодарам на моите колеги: Лео (ди Каприо), Марго Роби, стапалата на Марго Роби, стапалата на Маргарет Квејли, стапалата на Дакота Фенинг… Сериозно, Квентин обожава да ги собува жените – рече Бред откако ја прими наградата.
Наградата за главна машка улога ја доби Хоакин Феникс, кој истата му ја посвети на својот починат колега Хит Леџер. И двајцата се прославија со улогата на антагонистот „Џокер“.
Наградите за женска главна и споредна улога, отидоа кај Рене Зелвегер за филмот „Џуди“ и Лора Дерн за „Брачна приказна“.
Најдобрата актерска екипа, според американските глумци, ја има јужнокорејскатапродукција „Паразит“.
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON