Брегу за „Мал шенген“: Регионалната соработка има смисла ако има цел интеграција во ЕУ

Брегу потсетува дека сите шест земји од регионот уште во 2017 се обврзале на градење на заеднички економски простор, а дека во јули годинава на самитот во рамките на Берлинскиот процес, РСС изнел предлог за спогодба за патување со лична карта во целиот регион.

68

Иницијативата од Охрид и Нови Сад во врска со т.н. Мал шенген ја разбираме како активност што се развива, која е нужна и која треба да се разгледа, изјави синоќа генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

– Регионалната соработка има смисла кога нејзината конечна цел е интеграција во Европската унија. Со оглед дека суштината на процесот е поврзување на пазар и луѓе, веруваме дека секоја иницијатива која има за цел решително отстранување на пречките во нашиот регион е нужна и треба да се разгледува – прецизира Брегу.

Наведувајќи дека РСС добивал многу прашања во врска со состанокот во Охрид и нивната улога во целиот процес, Брегу потсетува дека сите шест земји од регионот уште во 2017 се обврзале на градење на заеднички економски простор, а дека во јули годинава на самитот во рамките на Берлинскиот процес, РСС изнел предлог за спогодба за патување со лична карта во целиот регион.

– Свесни сме дека билатерално ова е тешко да се оствари, но сите заедно успеавме во договорот за намалување на цените на роамингот кој беше потпишан од сите шест економии. Таа политичка волја може да се повтори“ – изјави Брегу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...