Со убедливо мнозинство британските пратеници донесоа одлука за одложување на излезот од ЕУ до 12 април или до 22 мај.
За одложување на Брегзитот гласаа 441 пратеници , а против 105.
Британија според минатогодишниот договор требаше да излезе од ЕУ на 29 март. Лидерите на ЕУ минатата недела и дозволија на Британија одложување до 12 април , доколку парламентот и по трет пат го отфрли договорот што го постигна премиерката Тереза Меј.
Таа вечерва најави оставка пред следната фаза на преговорите за Брегзитот. Доколку парлементот го усвои договорот, тогаш терминот за излез е 22 мај, ден пред изборите за ЕП.