Брегзит како шпанска серија: Меј ќе побара од Туск одложување

135
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британската премиерка Тереза Меј денеска или утре ќе испрати писмо до претседателот на Европски совет Доналд Туск во кое ќе бара одложување на Брегзит, изјави портпаролот на Меј.

Британската премиерка се надева дека британскиот Парламент ќе го одобри нејзиниот план за Брегзит, како и условите поставени од ЕУ пред одржувањето на Самитот на Унија в четврток, на кој се очекува лидерите на ЕУ да разговараат за пролонгирање на Брегзит.

Велика Британија официјално треба да ја напушти ЕУ на 29. март.

Секое пролонгирање треба да биде одобрено од сите 27 земји членки на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...