Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби
на руски тајкуни, вели легендарниот Горан Бреговиќ во новата епизода
на шоуто „Еден на Еден“.
– Ретко кој музичар имал среќа како мене – додава Брега.
Во едночасовното интервју со Жарко Димитриоски, светскиот музичар
разговара за неговата музика, патувањата, животот пред и после
војната, неговите почетоци во работата во југословенски стриптиз бар.
– На 17 години имав видено повеќе голи жени отколку сите мои врсници заедно –
се шегува тој.
Брега зборува и за семејството, љубовта кон боксот, животот, музиката…
Како специјално изненадување за Бреговиќ, екипата на „Еден на Еден“ ги
доведе и маестралните Агушеви, како и Васка Јанковска, која беше
одбрана помеѓу 200 кандидати да ја испее „Едерлези“ во филмот „Dom za
vesanje“ на Кустурица.
https://www.youtube.com/watch?
Сѐ на сѐ, во недела нѐ очекува одлична вечер со единствениот Брега. Не
ја пропуштајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на „Канал 5
телевизија“.