Брајaн де Палма работи на хорор филм за Харви Вајнстин

200

Режисерот Брајaн де Палма изјави дека во моментот пишува сценарио за хорор филм што ќе се базира на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.

Де Палма, кој ги има режирано и филмовите „Кери“ и „Лице со лузна“, изјави дека внимателно го следи целиот случај.

Вајнстин се соочува со бројни тужби за силување и други видови на сексуално злоставување. Тој минатата седмица беше уапсен во Њујорк, откако претходно сам и се предаде на полицијата.

Неговите адвокати соопштија дека тој ги отфрла сите обвинувања.

– Познавам многу луѓе кои се засегнати од скандалот. Ги слушав нивните приказни низ годините. Должност на режисерот е да стекне довербата кај актерите. Злоупотребата на било кое ниво е најлошата работа што режисерот може да ја направи – истакна Де Палма.

Вајнстин за сексуално злоставување и вознемирување го обвинија над стотина жени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...