Бразил: 11 мртви при грабеж на две банки

276

Единаесет лица, вклучувајќи и петмина заложници, се убиени во напад на две банки во североисточниот дел на Бразил.

Лајлсон Ландин, градоначалник на градот Милагерс, изјави дека шестмина разбојници ги нападнале банките денеска, пред зора, по што   следувала жестока престречка на ограбувачиуте со полицијата.

Во размената на оган, убиени се шестмината напаѓачи.

Ландин посочи дека се убиени и петмина заложници, меѓу кои и дете.

Локалните медиуми наведуваат дека воената полиција се пресметала со бандата. Очевидци тврдат дека престрелката траела повеќе од 10 минути.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...