Два згради се урнаа денеска во западниот дел на Рио де Женеиро, по неколкудневните поројни дождови и поплави во кои загинаа десет лица.
Спасувачките служби велат дека сѐ уште нема информации за бројот на повредени лица.
На бразилската телевизија Глобо се прикажани локалните жители, кои бараат преживеани под урнатините.
Поради лошата инфраструктура, уривање на згради не е реткост во посиромашните региони на Бразил.