Браво за кралицата Елизабета, јава коњ и на 92 години

159

Британската кралица Елизабета е исклучително активна и во деветтата деценија од животот, па затоа не пропушта ниту еден важен кралски настан, а неодамна почна и да јава коњ.

Наместо да пие чај на некој од раскошните балкони во својата палата, кралицата заедно со синот, принцот Едвард отиде на јавање околу дворецот Виндзор.

Тоа не би било ништо невообичаено ако немаше 92 години.

Јавањето коњ е едно од омилените хоби на британската кралица. Во една прилика рече дека на коњскиот грб се чувствува како обично човечко битие.

Кралицата е голем љубител на животни. Досега имаше повеќе од 30 велшки корги, а нејзиниот последен корги почина минатиот месец.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...