БПЦ нема да присуствува на прославата на 1.000 – годишнината од Охридската архиепископија

697

Синодот на бугарската православна црква донел решение да не ја прифати поканата на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан за заедничка прослава на 1.000- годишнината од охридската архиепископија.

На барање на русенскиот митрополит Наум, БПЦ да не учествува на прославата во Охрид поради „темелни разлики“, Синодот со мнозинство гласови одлучил да не даде благослов претставници на БПЦ да земат учество во прославата што ќе се одржи на 27 мај во Охрид.

Против учеството на прославата биле 8 од владиците, а „за“ биле петмина, јавува БГНЕС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...