Босанскиот кардиохирург открива: Три дена пред смрт прашуваат како здраво да живеат? Посипај се со песок и навикнувај се на земја!

Специјализацијата од областа на општата и васкуларната хирургија ја завршила во Сараево, а специјализацијата од кардоихирургија во Германија.

2912

Доктор Емир Солаковиќ е општ и кардиваскуларен хирург, редовен професор е на Медицинскиот факултет во Сараево и поранешен шеф на Васкуларната клиника при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пишува српски „Ало!“.

Специјализацијата од областа на општата и васкуларната хирургија ја завршил во Сараево, а специјализацијата од кардоихирургија во Германија.

Овојпат зборувал за начинот на животот и што, всушност, претставува здрав живот.

– Кога ќе дојдат странци кај мене, првата работа која ја бараат е просторија за пушење цигари. Тие пушат една по друга цигара, јадат пита и тоа трае два-три дена. Потоа се враќаат во својата земја која има поинаков систем и тоа не е нивниот начин на живот – започнал докторот.

Потоа објаснил зошто се мали шансите босанскиот народ да биде здрав:

– На нашите факултети, ние два часа учиме за здравиот живот и тие два часа нѝ се здодевни. Што вреди кога ќе дојде пациент кај доктор, кога докторот не знае што да му каже. На телевизија гледаме разни реклами, поминувате низ градот и гледате само ќебапи, никаде нема риба. Нашиот народ нема теоретска шанса да биде здрав и потоа три дена пред смрт, доаѓаат и прашуваат како би можеле да живеат здрав живот. Јас им велам: „Најдобро посипи се со песок и почни да се навикнуваш на земја“, додал Солаковиќ, а неговиот одговор ги освои социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...