Бортников: Руските служби треба да бидат подготвени за терористички напади

67

Претседавачот со рускиот Национален одбор за антитероризам и директор на Службата за сојузна безбедност (ФСБ), Александар Бортников денеска изјави дека Агенциите за спроведување на законите треба да бидат подготвени да спречат евентуални терористички напади со дронови.

– Во 2020 година потребни се дополнителни мерки за да се неутрализираат претходно идентификуваните закани и веднаш да се реагира на повторените закани од терористички напади, посебно со употреба на летала, како и со опасни хемиски, биолошки и радиоактивни супстанци – посочи Бортников.

Тој додаде дека пакетот антитерористички мерки на територијата на северно-кавкаскиот сојузен округ „би требало да биде фокусиран на почетокот на конечната пресметка со вооружените криминалци и нивните шефови“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...