Борис Бекер се разведе по вторпат

- Не беше лесно да се донесе ваква одлука после 13 години врска и девет години брак - изјавил адвокатот на Бекер, Кристијан-Оливер Мозер.

689

Борис Бекер, по девет години брак, се раздели со својата сопруга, холандскиот модел Лили Бекер, потврдил адвокатот на тениската легенда, Кристијан-Оливер Мозер.

– Не беше лесно да се донесе ваква одлука после 13 години врска и девет години брак – изјавил Кристијан-Оливер Мозер за германската новинска агенција ДПА.

Адвокатот додал дека и неговиот клиент и Лили Бекер се фокусирани на нивниот син, Амадеус (8) и дека разделбата била неизбежна.
Борис и Лили Бекер се венчаа во јуни 2009 година во Швајцарија и истиот месец објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете. Борис тогаш изјави дека едвај чекаат да им се роди бебето.

Кога се родни синот на Борис и Лили, тенисерот изјави: „Со ова бебе, мојата сопруга Лили ми го даде најпрекрасниот подарок. Сите сме возбудени и се радуваме во нашиот живот заедно со ое, Елиас и Ана“.

Уште во јуни 2017 година се шпекулираше дека, освен што се бори со финансиски проблеми, некогашниот тенисер број еден во светот страда и поради љубовниот бродолом. Пријатели на двојката изјавувале дека Лили Бекер (41) планирала да предаде документи за развод.
Исто така, тие изјавиле дека таа ситуација нема врска со банкротот, туку дека тенисерот и неговата сопруга веќе извесно време имаат проблеми во бракот.

Новинарите на британскиот весник „Сан“ го затекнале Бекер пред куќата во Лондон и го прашале за разводот, а тој налутено им се развикал: „Рано ми е, одете си“.

Борис Бекер подоцна ги демантираше гласините за разводот објавува разни љубовни твитови, посакувајќи и среќен роденден на сопругата, како и фотографија на која тој ужива во сонцето со Лили, нарекувајќи ја „мојата посебна дама“.

Бекер претходно беше женет со Барбара Фелтус, од 1993 до 2001 година. Тие имаат две деца – синовите Ное (24) и Елиас (18).

Поранешниот тенисер исто така ја има 18-годишна ќерка Ана Ермакова од претходна врска со моделот Анџела Ермакова.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...