Ирската рок-ѕвезда Боно предупреди дека ОН и другите меѓународни институции, вклучувајќи ги и ЕУ и НАТО, се изложени на ризик, па ги повика државите да работат заедно, за да гарантираат дека овие организации ќе продолжуваат да постојат.
Фронтменот на групата „Ју-ту“, кој е роден во Даблин, синоќа одржа говор пред неколку стотици дипломати и претставници на Светската организација на настан, посветен на кандидатурата на Ирска за место во Советот за безбедност во 2021-22 година.
Иако Боно не именуваше ниту една земја одговорна за заканата за светските институции во овие „проблематични времиња”, неговите зборови очигледно беа насочени кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја критикуваше ЕУ и НАТО, забележуваат американски медиуми.
Трамп ги повлече САД од Паризскиот договор за климата – нешто, што го спомена и пејачот. Со новите американски царини за увоз, американскиот претседател, исто така, ја поткопа Светската трговска организација, која, според Боно, е загрозена.
– Живееме во време, кога се нападнати витални институции, како што се Обединетите нации, рече рок-ѕвездата во седиштето на ОН во Њујорк.
Ирската влада ги покани постојаните претставници на 192-те земји-членки на ОН на концерт Боно во салата „Медисон сквер гарден“, кој ќе се одржи в недела.
ФОТО: Твитер