Најпознатиот таен агент Џејмс Бонд, веројатно никогаш нема да го глуми жена, изјавила продуцентката на серијалот, Барбара Броколи.
– Бонд е маж. Тој е машки лик. Напишан е за маж и веројатно и ќе остане машки лик. И тоа е во ред. Не треба машките ликови да ги претвораме во женски. Можеме да создадеме повеќе женски ликови и да напишеме приказни кои одговараат на женски ликови – рекла продуцентката.
Според зборовите на Броколи, франшизата не е феминистичка сопственост.
– Како што се менуваше светот, така ние го менувавме Бонд. Се обидов да дадам свој придонес и посебно со Даниел Крег, Џејмс Бонд стана посовремен во смисла на тоа како се прикажани женските ликови – појаснила уште Броколи.
Следниот, 25. филм за британскиот агент 007, ќе го режира американскиот режисер Кери Фукунага.