Педесетгодишниот актер Даниел Крег и неговата сопруга Рејчел Вајс наскоро ќе станат родители. Актерката, која минатиот месец го прослави својот 48-ми роденден, открила дека е бремена.
– Уште малку, па ќе ми се познава и стомакот. Даниел и јас сме многу среќни. Ќе имаме мал човек и одвај чекаме да го видиме – рекла Вајс за „Њујорк тајмс“.
Даниел веќе има една ќерка, Ела Крег, Рејчел исто така има едно дете, синот Хенри, а ова ќе биде прво заедничко дете на актерската двојка.
Ѕвездата од филмовите за Бонд и Рејчел својата врска ја започнаа во 2010 година, а се венчаа во 2011 година.
Нивната романса почнала на снимањето на филмот „Куќа од соништата“, а нивните заеднички пријатели тврдат дека тие се идеален пар, кој ретко се расправа. Рејчел, пак, во една пригода изјави дека во ниту една претходна врска не била вистински среќна, а дека со Крег е на седмо небо.
ФОТО: EPA/PAUL BUCK