Бомба фрлена врз куќата на бизнисмен во северно Косово

179

Рачна бомба синоќа по полноќ е фрлена во близина на куќата на бизнисменот Раде Добриќ во Зубин Поток во северно Косово, при што е причинета материјална штета и нема повредени лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Настанот во изјава за косовските медиуми го потврди заменик-директорот на полицијата за северниот регион Бесим Хоти, кој информира дека од експлозијата на бомбата се оштетени неколку возила кои биле паркирани во близина и се искршени стаклата на неколку локали.

Хоти изјави дека сторителот или сторителите, како и мотивите за овој инцидент, за сега не се познати, како и дека полицијата работи на расветлување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...