Непознати лица рано утрово поставиле бомба пред домот на грчки јавен обвинител, а експлозивниот механизам, најверојатно поради грешка на сторителите, не експлодирал – јави дописничката на МИА од Атина.
Околу четири часот утрово, преку анонимен телефонски повик во информативниот портал „Зугла“ и весникот „Ефимерида тон синдактон“, непознато лица информирало за точната адреса каде што била поставена бомбата и рекло дека за 20 минути ќе експлодира.
Полицијата веднаш пристигнала на конкретната адреса и ја пронашла бомбата. Експлозивниот механизам бил ставен во тeнџере, поставен во багажник на мотор паркиран пред домот на обвинителот.
Засега ниту една од грчките анархистичко – терористички организации не презеде одговорност за поставената бомба.