ОБНОВЕНО Три трговски центри во Брисел евакуирани по дојава за бомба

Полицијата не информира дали станува збор за терористичка закана.

662
Експлозивна направа е откриена попладнево во трговски центар во населбата Волуве во Брисел.
Претставник на белгиската полиција за МИА потврди дека станува збор за бомба.

– Проблемот е реален – изјави тој.

По откривањето на направата полицијата спроведе целосна евакуација на присутните во трговскиот центар.

Во тек е акција на специјалните полициски тимови за деактивирање на бомбата.

ОБНОВЕНО

Три трговски центри во Брисел беа евакуирани попладнево по дојави за експлозивни направи, полициските операции се во тек, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Калина, Македонка која живее во Брисел, се наоѓала во едниот од овие центри кога започнала тревогата.

– Почна една сирена, очигледно дека не беше аларм за пожар, различно звучеше, и низ разглас ни рекоа да излеземе од најблискиот излез без да си ја земеме колата, луѓето почнаа да трчаа, не знаеш дали во моментот некој шета со пушка или нешто, ништо не знаеш – сведочи Калина за МИА.

Веднаш се затвориле продавници и се појавиле војници во центарот, раскажува Калина.

Полициски извори за МИА потврдија дека во моментов се наоѓаат специјални единици за деминирање во центрите и дека операциите течат непречено.

– Инспекцијата е во тек од страна на специјални служби на федералната полиција, безбедносен периметар е определен и во постојан контакт сум со полицијата за да се види кои мерки да се преземат – изјави за медиумите градоначалникот на општината Волуве Сен Ламбер каде се наоѓа еден од трговски центри.

Полицијата не информира дали станува збор за терористичка закана.

На 22 март 2016 во два терористички напади во Брисел загинаа 33 лица и повредени се над триста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...