Американските бомбардери Б-52 изведоа тренажни летови во близина на Јужно Кинеско Море и јапонскиот остров Окинава, соопшти военото воздухопловство на САД.
Кинески медиуми тоа го поврзаа со воените вежби, кои Кина ги изведува во близина на Тајван.
Порпаролката на американските Воздухопловни сили наведе дека бомбардерите Б-52 полетале од воздухопловната база „Андерсен“ на пацифистичкиот остров Гуам, кој им припаѓа на САД и потоа „поминале во близина на Јужното Кинеско Море“.
– Ова беше рутинска мисија, изјави портпаролката.