САД и нивните сојузници одлучно ќе одговорат доколку актуелната власт во Венецуела го уапси лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, изјави помошникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон.
– Венецуелскиот привремен претседател Хуан Гуаидо објави дека планира да се врати во својата земја. Било каква закана или акција против неговото безбедно враќање ќе бидат дочекани со одлучен и значаен одговор на САД и меѓународната заедница – напиша Болтон на Твитер.
Гуаидо за денеска го најави своето враќање во Венецуела, а му се заканува и 30-годишна казна затвор поради непочитување на забраната за излез од земјата.
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez