Болтон ја предупреди Владата на Мадуро оти ако има насилство, ќе следи „значителен одговор“

104

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон вчера ја предупреди владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро дека какво било насилство или заплашување на дипломатскиот персонал на САД, на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо би наишло на „значителен одговор“.

– Какво било насилство или заплашување на американскиот дипломатски персонал, на демократскиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо или на Народното собрание претставува тежок напад врз владеењето на правото и ќе наиде на значителен одговор – напиша Болтон на Твитер.

Болтон посочи дека е „добро позната“ кубанската поддршка и контрола врз безбедносните и паравоените сили на Мадуро.

Мадуро претходно ги обвини САД дека планираат инвазија врз Венецуела, како и оти продолжуваат со обидите за државен удар.

Тој при вчерашната посета на две воени бази западно од Каракас повторно упати апел до војниците да останат лојални на неговата влада, додека опозицијата во касарните подели копии од усвоениот Закон за амнестија.

На 23 јануари претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуаидо се прогласи себе си за претседател на Венецуела, што Мадуро го оцени како пуч во организацијата на Вашингтон.

Во меѓувреме САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Еквадор и Парагвај, како и дел од земјите-членки на Европска унија го признаа Гуаидо, додека Русија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор и Турција го поддржуваат  Мадуро.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...