Болтон: Третиот самит Трамп – Ким е можен и зависи од Пјонгјанг

49
ФОТО: EPA / STRINGER

Третиот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во целост е можен и зависи од Пјонгјанг, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

Според него, Вашингтон е подготвен да го одржи кога Пјонгјанг ќе биде подготвен.

Болтон рече дека третиот самит Трамп-Ким зависи од севернокорејскиот лидер, кој „го држи клучот“.

Двајцата лидери првпат се сретнаа минатата година, додека вториот самит беше во Ханој во февруари, но беше прекинат поради несогласување околу денуклеаризацијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...