Болтон: Сега е моментот Косово и Србија да постигнат договор

101

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“.

Тој ова го изјави по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа.

– САД се подготвени да им помогнат на двете страни да ја постигнат оваа историска цел – напиша Болтон на Твитер.

Косовскиот претседател исто така изрази оптимизам по средбата и му се заблагодари на Болтон за „целосната поддршка која Косово ја добива од оваа администрација“.

– Се согласивме дека во дијалогот има историска можност за двете страни која не треба да се пропушти – рече Тачи.

Според косовскиот претседател, тоа ќе помогне во напорите на Косово да влезе во НАТО, ОН и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...