Болтон: САД ќе распоредат носачи на авиони на Блискиот Исток, како порака до Иран

86
ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Соединетите Американски Држави ќе распоредат  носачи на авиони на Блискиот Исток за да испратат „јасна и недвосмислена порака“ на Иран, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

– Распоредувањето ударни групи на носачи на авиони „УСС Абрахам Линколн“ под централна команда на регионот е одговор на голем број загрижувачки и растечки индикации и предупредувања, рече Болтон.

Тој во соопштение наведува дека „целта на тоа распоредување е да се прати јасна и недвосмислена порака на иранскиот режим дека секој напад врз американските интереси или на нивните сојузници ќе биде пречекан со непопустлива сила“.

– Соединетите Американски Држави не бараат војна со иранскиот режим, но целосно сме подготвени да одговориме на кој било напад од иранската Револуционерна гарда или регуларните ирански вели, додава Болтон.

Од минатата година, САД повторно воведоа санкции врз Иран, откако претседателот Доналд Трамп едногласно одлучи да се повлече од договорот за нуклеарно оружје, склучен во 2015 година, врз основа на кој беа укинати санкциите за Иран, во замена за неговото напуштање на програмата за нуклеарно оружје.

Во април САД се закани дека која било земја која купува иранска нафта ќе се соочи со американски санкции доколку продолжи да го прави тоа.

Како одговор на тоа, Иран се закани дека ќе го блокира Хормушкиот мореуз, еден од најважните морски премини кој ги спојува Персискиот и Оманскиот залив, што предизвика страв од можни вооружени судири.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...