Болтон: САД се за нови санкции кон Венецуела за Мадуро да се откаже од власта

77
ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

САД размислуваат за нови санкции кон Венецуела со цел да се зголеми притисокот врз Владата на претседателот Николас Мадуро да се откаже од власта, изјави синоќа американскиот советник за национална безбедност,  Џон Болтон.

– Бараме нови санкции, нови мерки за да имаме контрола над финансиските средства на Мадуро и да ги намалиме парите за неговиот режим, кои се потребни за да остане на власт, посочи Болтон.

САД претходно воведоа санкции за нафтениот сектор на Венецуела и најавија замрзнување на имот и забрана за патување за високите владини претставници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...