Болтон најави проширување на „црната листа“ на Куба

37
ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Соединетите Американски Држави на „црната листа“ на санкционирани кубански поединци и компании, додаваат уште пет, кои имаат врски со разузнавачките и воените служби на Куба, изјави вчера американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

На листата првпат се најде и кубанската воена авиокомпанија „Аерогавиота”.

Болтон им се обрати на ветераните на неуспешната инвазија на Заливот на свињите во 1961 година и рече дека САД ќе го ограничат секое патување на Куба, кое нема врска со семејни посети, со цел да се спречи „прикриениот туризам“, кој, како што рече, му носи пари на безбедносниот сектор на Куба. 

ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...