Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека дава оставка.
И неговиот потпретседател, Алваро Марсело Гарсија Линера, непосредно по соопштувањето, си поднесе оставка.
Денеска шефот на армијата, генералот Вилијамс Калиман, го повика Моралес да се повлече.
Претходно, Моралес најави предвремени избори, пред зголемениот притисок околу спорните резултати од изборите на 20 октомври.
Во Боливија се одржуваа масовни протести чиј повод беше спорниот реизбор на Моралес минатиот месец.
Во неделата меѓународните набљудувачи повикаа на поништување на изборниот резултат.