Болдвин: Внука ми се омажи со Џастин Бибер

374

Алек Болдвин откри дека неговата внука Хејли и нејзиното момче, Џастин Бибер, стапиле во брак, иако самата Хејли ги негираше шпекулациите во петокот.

– Тие едноставно се венчале, но не знам каков е договорот, изјави Болдвин на 70-та церемонија на наградите „Еми“.

Тоа се случи само три дена откако 21-годишната Хејли и 24-годишниот Џастин беа забележани во суд во Њујорк.

Коментар на Алек доаѓа сосема неочекувано откако Хејли во петокот негираше дека се омажила.

-Јас разбирам од каде доаѓа шпекулацијата, но се уште не сум омажена, напиша моделот на социјалните мрежи.

Гласините тврдат дека Болдвин и Бибер, кои се заедно од јуни, следната недела се подготвуваат за голема свадбена церемонија во Канада.

Според извор на „Пипл“, Хејли се уште не сметала дека е венчана додека не поминат свадбените церемонии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...