Боларис го пречека Вселенскиот Патријарх на атинскиот аеродром

Посетата означува нова страница помеѓу Вартоломеј и Архиепископот на Атина Јеронимос, бидејќи нивните односи во изминатиот период беа заладени, пишува „Катимерини“. 

127
FOTO MIA

Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ го пречека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој е во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Со чувства на радост и чест, пред малку го пречекавме Вселенскиот Пaтријарх на Аеродромот „Елефтериос Венизелос“, напиша Боларис на неговиот официјален Твитер профил.

Како што претходно објави МИА, попладнево започнува дводневната посета на Грција на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој во Атина ќе се сретне и архиепископот Јеронимос, со американскиот амбасадор и министерот за образование и религија, а заедно со Јеронимос и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе присуствува на отворањето на Центарот за геронтологија и грижа и поддршка во областа Виотиа.

– Посетата означува нова страница помеѓу Вартоломеј и Архиепископот на Атина Јеронимос, бидејќи нивните односи во изминатиот период беа заладени, пишува „Катимерини“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...