Боздаг: Турција не е на ничија страна

Турција не е на ничија страна коге е во прашање Сирија, изјави денеска турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.

76

Турција не е на ничија страна коге е во прашање Сирија, изјави денеска турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, коментирајќи ја оценката на францускиот претседател Емануел Макрон дека дошло „до разидување меѓу Анкара и Москва“.

– Турската политика кон Сирија не е да биде со некого или да биде против некого. Нашата политика е јасна, Ние сме на страната на правдата и на тоа што е исправно, порача Боздаг.

Тој нагласи дека Турција е против поддршката што некои земји, како Русија, и ја даваат на „режимот во Сирија“, но и против поддршката што САД и другите западни земји им ја пружаат на „терористичките организации“, како што се Силите за заштита на народот на Сириските Курди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...