„Боемска рапсодија“ ќе добие продолжение: Обажавателите збеснаа

Австрискиот режисер бил долгогодишен пријател на Фреди Меркјури, а за австриските медиуми сега ги откри плановите на режисерот на биографскиот филм за групата „Квин“.

183

Иако ваквата информација сѐ уште не е потврдена, се зборува дека режисерот на филмот „Боемска рапсодија“ сериозно размислува за негово продолжение, изјавил Руди Долезал.

Австрискиот режисер бил долгогодишен пријател на Фреди Меркјури, а за австриските медиуми сега ги откри плановите на режисерот на биографскиот филм за групата „Квин“.

– Не е познато дали приказната на филмот ќе биде сосредоточена на животот на Фреди или на бендот – изјавил Руди. Долезал официјално почнал да работи со бендот по Лајф ејд“, историскиот момент кога Фреди го освои целиот свет, а ги режирал и нивните видеоспотови.
Но, идејата не ги шокирала обожавателите ширум светот. Имено, уште во декември минатата година, гитаристот на бендот Брајан Меј ги поттикна гласините за продолжение на „Боемска рапсодија“.

– Мислам дека тоа е природна кулминација и тоа отсекогаш беше така, од најраните сценарија. Чувствувавме дека концертот беше врвот, но кој знае, можеби постои продолжение – изјавил Брајан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...