„Боемска рапсодија“ и „Зелената книга“ победници на Златниот глобус

237
На гала вечера во Лос Анџелес синоќа беа доделени традиционалните награди Златен глобус, втора по важност мејнстрим филмска награда, веднаш по Оскарите.

Златен глобус е американска филмска награда која еднаш годишно се доделува за филмови, а од 1970 година и за телевизиски производи.

Американските медиуми пишуваат дека синоќа била ноќ на изненадувања. Иако се очекувало дека главните награди ќе ги земат „Ѕвездата е родена“ или „Вајс“ (Vice) кој имаше шест номинации, најголеми победници беа „Боемска рапсодија“и „Зелената книга“.

Во категоријата најдобар филм – драма победи „Боемска рапсодија“, а главниот протагонист на филмот Рами Малек ја доби наградата за најдобар актер за толкувањето на Фреди Меркјури. Во категоријата најдобра актерка славеше Глен Клоус за „Сопруга“ (The Wife). Во категоријата најдобар филм  комедија или мјузикл победи „Зелена книга“ (Green Book), Кристијан Бејл (Vice) е најдобар актер, а Оливија Колман (The Favourite) најдобра актерка.

Наградата за најдобар режисер ја доби Мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „Рома“ (Roma) кој е прогласен и за најдобар странски филм. Најдобра споредна улога оствариле Махершала Али во „Зелена книга“ и Реџина Кинг за „If Beale Street Could Talk“ (Ако улицата Бејл можеше да зборува).

Кај телевизиските награди најдобра драма е серијата „Американци“ (The Americans), а комедија „The Kominsky Method“. Ричард Мејден („Bodyguard“) и Сандра О („Killing Eve“) добија награди за најдобри актери во драмски остварувања, а Мајкл Даглас („The Kominsky Method“) и Рејчел Броснахан („The Marvelous Mrs. Maisel“) во комедија или мјузикл.

Златен глобус за животно дело, кој го носи името на Сесил Б.ДеМил, доби Џеф Бриџис.

Златните глобуси многу често се и главен индикатор за фаворитите за Оскар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...