„Боеми“ од Џакомо Пучини во среда во МОБ

122

На сцената на Македонската опера и балет во среда во 20 часот ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на “Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.

Улогите ги толкуваат: Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, Марјан Јованоски, Андреа Ѕаупа (Италија), Владимир Саздовски, Билјана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Димитар Кожухаров, Диме Петров.

Во претставата учествуваат хорот и оркестарот на МОБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...