Богатствата на Скопската чаршија на мобилна апликација

Апликацијата Skopje Gems „Скапоцените камења на Старата скопска чаршија“ беше промовирана денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите на Македонија, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.

216

Преку мобилна апликација се промовира културниот туризам и нематеријалното културно наследство на Скопската чаршија со цел да се привлечат повеќе домашни и странски туристи. На посетителите им се нудат седум туристички рути низ чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град.

Апликацијата Skopje Gems „Скапоцените камења на Старата скопска чаршија“ беше промовирана денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите на Македонија, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.

Со апликацијата се овозможува мапирање на локации и развој на тури за туристите. Таа содржи видео и аудио содржини, фотографии и текстови достапни на 10 јазици. Корисниците може да изберат седум тури и повеќе од 80 локации од нивен интерес.

– Основната идеја што не водеше при развивањето на апликацијата „Скопските скапоцени камења” – кратенка од „Скриениот скапоцен камен на Скопје – Стариот град“ е тоа што, сакавме да го направиме културното наследство на Скопје, чаршијата, достапно за што повеќе луѓе. За разлика од традиционалната масовна продукција што ја презема целиот свет, нашата чаршија сè уште е домаќин на некои од старите традиционални занаети, како што се капи, папучи и правење свеќи, ковач и резба. Се надеваме дека ќе ги зачуваме овие занаети така што ќе ги претвориме во туристичка атракција што ќе создаде долготрајни спомени за нашите посетители – изјави Мишо Докмановиќ, претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

Според Снежана Дервишкадиќ, лидер на Проектот за развој и промоција на туризмот на РСС, мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ е освежувачи туристички производ.

– Тој покажува како технологијата може да биде аплицирана во туризмот и како преку раскажување на приказни преку вакви апликации се промовираат дестинациите и локалниот бизнис.Освен што ја раскажува приказната за скопската Чаршија, дополнителна вредност е тоа што ги води посетителите до нивните домаќини, сопствениците на дуќаните, кои секој посебно има своја приказна за раскажување, што значи дека посетата на Стариот град ќе биде уште поинтересна и поуникатна – изјави Дервишкадиќ.

Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде широко промовирана почнувајќи од скопскиот аеродром преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, како и преку интернет и преку социјални медиуми. Skopje Gems беше подготвена во рамки на проектот „Скриените богатства на Старата скопска чаршија“, имплементиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје. Финансиите се обезбедени со грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка (РСС) од Европската Унија. Целта е да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничка регионална, културна и алтернативна туристичка понуд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...