– Дали знаете дека има Нигеријци кои телефонски нарачуваат пијалоци од Лондон. Нарачуваат во Лондон, а потоа наутро доаѓаат на аеродром да ги подигнат. Тоа е неверојатно, но мораме да направиме се за тоа да не стане рутина на богатите – истакна Огбех.
Тој изјавата ја даде во момент кога Министерството за економија се обидува да ја намали зависноста од увоз, која се одразува на локалните земјоделци.
Во Нигерија граѓаните го сметаат увозот како статусен симбол. Некои луѓе увезуваат ориз, домати, тестенини…, бидејќи сметаат дека на тој начин го покажуваат својот „статус“ дека користат само увезени производи.