Германскиот производител на автомобили „БМВ“ повлекува 312.000 автомобили од британскиот пазар поради можност моторот да се изгаси во текот на возењето.
Меѓу моделите кои се опфатени со оваа акција се Серија 1, Серија 3, Z4 i X1 во бензинска и дизел варијанта, произведени од март 2007 до август 2011 година.
Компанијата „БМВ“ минатата година повлече 36.410 автомобили поради сигурносни проблеми.