Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, ќе ја продаде својата медиумска компанија со истото име, што го направи милијардер ако биде избран за претседател во ноември, потврди неговиот изборен штаб.
Популарноста на Блумберг во анкетите расте и тој ќе го направи својот прв настап на дебатата денеска во Лас Вегас.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, претходно рече дека доколку биде избран, тој најверојатно ќе го продаде Блумберг ЛП, фирма за финансиски вести, потврди синоќа неговиот штаб.
– Ако биде избран, Мајк ќе ја продаде компанијата – рече портпаролката Галија Слајен.
Блумберг, кој се квалификуваше за овонеделната претседателската дебата на демократите во Невада за првпат ќе им се спротистави на демократските ривали за кандидатура на претседателските избори, е сопственик на најголемиот дел од компанијата формирана во 1981 година.
Дебатата денеска ќе биде деветта од почетокот на трката на демократските кандидати за претседателските избори на 3 ноември.
ФОТО: EPA / Martin Sylvest