„Блумберг“: Национализмот во Европа може да го поткопа закрепнувањето на Балканот

253

Премиерот на Република Северна Македонија се надева дека непосредното членство на неговата земја во НАТО ќе биде дел од еден поширок процес што ќе го поврзе западниот регион со Европската Унија и ќе ги постави темелите за нејзиниот економски развој во текот на следната деценија. Но, подемот на националистите на парламентарните избори во ЕУ во мај би можел да ја блокира таа цел, а упорноста на балканските националисти дома може да им послужи како изговор, анализира „Блумберг“.

Во текстот „Национализмот во Европа фрла сенка врз процесот на ‘лекување’ на Балканот“ објавен денеска, „Блумберг“ се осврнува на вчерашното интервју на Заев во Минхен, оценувајќи дека „кога Зоран Заев ја поставува својата визија за просперитет и интеграција за Балканот, постои еден голем ризик на хоризонтот“.

„Едно нешто за кое не се грижи е веројатно промената на водството во Грција по изборите оваа година. Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, минатиот месец рече дека Грција го задржува правото да стави вето на својот сосед за влез во ЕУ во секое време. ‘Полесно е да коментирате за нешто кога сте опозициски политичар, Мислам дека реториката ќе се промени откако ќе биде на власт’, рече Заев”, стои во написот.

Како што наведува авторот, од Република Северна Македонија до Босна, националистичките политичари остануваат влијателни на Западен Балкан. Во Босна и Херцеговина, водачот на српското малцинство, Милорад Додик, се појави како најмоќен политичар, застапувајќи поделба на земја која се уште се бори со последиците од војните во 1990-тите. Во овој контекст е и цитатот на Заев од интервјуто во кој, меѓу другото, тој изразува надеж дека „политичарите ќе бидат повеќе во корист на државите и заедничкото европско општество, отколку на нивните или партиските анкети зашто тоа е иднината на светот”.

-Ако имаме намера да бидеме заедно, мора да престанеме да размислуваме дека сè во светот почнало од нашите народи. И не само на Балканот. Интеграцијата е начин да се зајакнат животните стандарди на некои од најсиромашните луѓе во Европа и да се запре егзодусот на нивните најталентирани на Запад – вели Заев во вчерашното интервју.

„Блумберг“ се осврнува и на денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел која ги пофали двајцата водачи за нивната храброст да постигнат компромис. -„Се откажав”, изјави таа за публика од високи претставници за одбрана и надворешна политика во Минхен. „Во сите оние долготрајни конфликти за кои не пронајдовме решенија, ако имате потребна храброст, можете да најдете, пишува „Блумберг“.

Заев, според анализата на „Блумберг“, се надева дека членството во НАТО ќе ги интензивира странските инвестиции. Предвидува дополнителни вложувања од околу 300 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...