Блокот 2 на РЕК Битола проработе, ќе се врши ремонт на Блокот 1

По вклучувањето на Блок 2, најавуваат, дека од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот.

176

Капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола заврши соопштија од компанијата. Оттаму додаваат дека постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.

– Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, првпат по осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот – наведуваат од компанијата.

По вклучувањето на Блок 2, најавуваат, дека од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот.

Оттаму оценуваат дека во моментов, електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на „ладна резерва”, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.

Во периодот од 1 јануари 2019 година до 2 декември 2019 година, РЕК Битола од планираните 3.025 гигават часови произведе 3.252 гигават часови електрична енергиија, односно 108 проценти од планираното.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...