Блокирани луѓе при пожар во трговски центар во турскиот град Љулебургас

167

Пожар изби денеска во трговски центар во турскиот град Љулебургас во округот Кркларели, кој граничи со Бугарија.

Има блокирани луѓе на последниот кат од трговскиот центар, а спасувачки екипи во моментот се обидуваат да извадат од објектот. На местото на инцидентот се пристигнати пожарникарски екипи, полиција и медицински возила.

Гувернерот на Кркларели, Осман Билгин изјави дека во пожарот има повредени луѓе, кои панично бегале. Тој додаде дека огнот избил на детскиот кат од засега непознати причини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...