Близу 160 милиони евра должат фирми и граѓани за даноци

Бројот на фирми должници е намален за над 2.000, додека на последната листа се објавени дваесетина должници помалку меѓу физичките лица, за разлика од претходната.

716

Листата на должници на Управата за јавни приходи за долгови доспеани до крајот на јуни и биле неплатени до крајот на септември годинава содржи вкупно 4.105 должници. Од нив 2043 должници – правни лица и 2062 физички лица.

Заедно тие вкупно должат 9.757.688.639 денари или 158.661.603 евра.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.728.920.195 денари, додека долгот за царински давачки е 28.768.444 денари.

Од Управата информираат дека сумата за последниот месец е помала за 8,5 милиони евра. Бројот на фирми должници е намален за над 2.000, додека на последната листа се објавени дваесетина должници помалку меѓу физичките лица, за разлика од претходната.

И на оваа листа води ОХИС со долг од 883 милиони денари. И на оваа листа се најдоа повеќе јавни претпријатија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...