Официјална Тирана го честиташе усвојувањето на законите во косовскиот законодавен дом за трансформација на Безбедносните сили на Косово(ФСК) во војска на Косово,искажувајќи поддршка во тој правец.
Премиерот Еди Рама на својот фејсбук профил упати честитка до Косово за формирањето на војска на Косово.
-Почит на хероите и загинатите борци на Косово. Благословена да е штотуку родената војска на Република Косово – напиша Рама.
Освен Рама, честитки за косовската војска упати и лидерот на албанската опозициска демократска партија,Лулзим Баша.Овој чин на Косово тој го оцени како значаен придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот.
-Го поздравувам изгласувањето на законот кој го отвора патот за формирање војска на Косово. Косово со своја војска и во тесна соработка со евро-атланските сојузници и со аспирациите за членство во НАТО, ќе биде значаен придонесе за мирот и стабилноста на Балканот – оцени Баша.
Пратениците во косовскиот парламент вчера со 98 гласови „за“ го изгласаа, во прво читање Нроект-законот за ФСК со кој се предвидува олемување на надлежностите на оваа формација,со цел постепено да се трансформира во војска. Претходно со 101 глас „за“ го изгласаа законот за формирање Министерство за одбрана,со што се укинува досегашното Министерство за ФСК.
ФОТО: EPA-EFE-FILIP-SINGER