Би-Би-Си укинува 450 работни места во секторот вести

43
ФОТО: Лого / Твитер

Би-Би-Си објави денеска дека ќе укине околу 450 работни места во секторот вести, како дел од заштеда од 80 милиони фунти и модернизација на програмата.

Корпорацијата објави дека истовремено ќе ја реорганизира својата редакција заснована врз моделот „новинарска приказна“.

– Треба да ја преобликуваме Би-Би-Си Њуз за следната деценија за да заштедиме значителна сума пари. Ние трошиме премногу од нашите ресурси на традиционалното линеарно емитување, а не доволно за дигиталното – рече Фран Франсвор, директор за вести и тековни работи.

Вo Би-Би-Си работат околу 6.000 луѓе меѓу кои и 1.700 надвор од Велика Британија. Нивниот буџет по потегот ќе биде околу 480 милиони фунти годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...