Би-Би-Си: Меј го откажа гласањето за Брегзит

131

Британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето во Долниот дом на Парламентот во Лондон за Договорот за Брегзит, што беше предвидено за утре – јави Би-Би-Си.

Според британскиот јавен радиодифузен сервис, два извори во Владата информирале дека гласањето е откажано, но оти тоа се уште не е официјално потврдено.

Лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“ вчера објави дека се очекува ​​Меј да го одложи утрешното гласање во Парламентот за Договорот за Брегзит и дека на почетокот од неделава ќе замине во Брисел на нови разговори,

Весникот се повикува на изјави на „министри и помошници“, според кои, Меј ќе објави дека го одлага гласањето.

Според „Сандеј Тајмс“, многумина предвидуваат дека Парламентот нема да го поддржи договорот и министрите се загрижени дека „поразот на Меј“ може да доведе до пад на Владата.

Весникот тврди дека по одлагањето на гласањето, Меј ќе замине за Брисел за да напрви последен обид да ја убеди Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, со цел да добие поддршка од пратениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...