БиХ го прославува Денот на независност

44

Пред 27 години поголемиот број граѓани на Босна и Херцеговина на референдум се изјаснија за независна држава на рамноправни граѓани, на народите на БиХ – муслимани, Срби и Хрвати и припадниците на другите народи кои живеат во земјата.

На референдумот во 1992 година гласаа 2.073.568 граѓани, што претставуваше излезност од 63,6 отсто. Од вкупно излезените граѓани, 99,7 проценти гласаа за независност, а 0,3 отсто се изјаснија против. Резултатите од референдумот се прифатени на 6 март истата година во Парламентот на БиХ.

Земјите членки на Европска Унија ја признаа БиХ на 6 април 1992 година, а САД еден ден подоцна. БиХ од 22 мај истата година е примена во Обединети Нации.

Парламентот на 28 февруари 1995 година донесе одлука 1 март да се слави како Ден на независноста на БиХ, а законот е потпишан од тогашниот претседател на Претседателството на Република БиХ, Алија Изетбеговиќ на 6 март 1995 година.

Но, поголемиот број од Србите во Репубалика Српска верува дека на 1 март почна војната во БиХ и дека референдумот за независност бил нелегален.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...